dReyk Администратор
Број на мислења : 126 Join date : 2009-01-19 Age : 33 Местолокација : Прилеп / Македонија
| Предмет: World Of Warcraft достигнува 11.5 милиони корисници Пон Јан 19, 2009 12:46 pm | |
| Експанзијата Wrath Of The Lich King му помогна на Blizzard и на неговото успешно MMORPG да достигне до уште поголема бројка.
Поминаа повеќе од 4 години од кога MMORPG-то на Blizzard, World Of Warcraft беше пуштено во продажба, но датабазата на корисници сеуште продолжува да се проширува. Пред извесно време, Blizzard, го направи најновиот попис на "населението" во светот и тоа достигнува неверојатни 11.5 милиони корисници.
World of Warcraft го достигна својот единаесети милион пред неполни 2 месеци. Како фактор за големото растење на популацијата, игра улуга најновата експанзија, Wrath Of The Lich King. По продажбата на 2.8 милиони копии уште од првите 24 часа по излегувањето, експанзијата го заврши месецот со 4 милиони продадени копии, според Blizzard.
Бидејќи Blizzard користи неколку различни методи на плаќање и претплати, во различни земји, издавачите изјавија дека според претплатник дефинираат: Корисници кои вклучуваат индивидуалци, кои платиле месечна претплата, купиле гејм карта, или го користат првиот бесплатен месец. Оние кои користат trial верзии не се бројат во пописот. | |
|