Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.


 
HomeLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Марко Чаласан - Моцарт за компјутер

Go down 
АвторПорака
r1Nner
Администратор
Администратор
r1Nner


Број на мислења : 8
Join date : 2009-01-19
Age : 30

Марко Чаласан - Моцарт за компјутер Empty
ПишувањеПредмет: Марко Чаласан - Моцарт за компјутер   Марко Чаласан - Моцарт за компјутер EmptyЧет Јан 22, 2009 3:01 pm

На возраст од 8, Марко стана најмладиот сертифициран систем администратор на компјутери во светот. Тој го доби епитетот "Моцарт на компјутерите" од повеќето новинари, одкако ги положи испитите за ИТ професионалци на гигантската фирма Microsoft.

Тој сега може да работи како сервисер на комплексна компјутерска мрежа, иако сеуште го нема завршено третото одделение.

"Вработените во Microsoft ми дадоа компјутерски игри и DVD-a со цртани кога ги положив испитите бидејќи сум дете. Тоа е убаво, но сепак не сум многу заинтересиран во тие работи" - кажува младиот Марко за The Times. "Би сакал да бидам научник за компјутери кога ќе пораснам и би сакал да направам нов оперативен систем"







Марко научи да чита и пишува на возраст од само 2 години и започна да работи на компјутери веднаш.

Неговите родители, кои се ИТ експерти и поседуваат училиште за компјутери, размислуваат да го испратат Марко надвор од оваа држава во специјализирана институција за обучување на надарени деца, какви училишта не постојат во Македонија

"Марко покажа издвојувачки вештини на учење на најмала возраст. Тој можеше многу брзо да ги помни компјутерските операции. Сега секогаш го повикуваме во нашата канцеларија кога имаме некој проблем" - вели неговата мајка. Таа и нејзиниот сопруг Милан, планираат да објават книга за компјутерско образование за деца од помала возраст базирана според развојот на Марко.

"Тој очигледно е необично надарен, но децата над возрастта од 6 години можат да наочат многу повеќе за компјутерите одколку што другите мислат" - додаде госпоѓата Часалан.

На училиште, омилениот предмет на Марко е математика, и во слободното време тој сурфа низ интернет форумите за ИТ професионалци и учествува во дебати на комплексни компјутерски проблеми.

На страна од неговото хоби, тренирање Таи Боксинг, тој има големи интереси во физиката и астрономијата и не бил во состојба да заспие поради преголемо возбудување ноќта пред страшниот експеримент кој требаше да служи за да го симулира Big Bang.

Експериментот пропадна проади технички проблеми, но Марко е уверен дека евентуално ќе се дознае дека тоа е всушност едно големо научно откритие. "Медиумите изјавија дека тоа би можело да доведе до крајот на светот, но всушност воопшто не постоеше било каква опасност".
Вратете се на почетокот Go down
 
Марко Чаласан - Моцарт за компјутер
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Останато :: Свет Гејминг Информации-
Отиди до: