dReyk Администратор
Број на мислења : 126 Join date : 2009-01-19 Age : 33 Местолокација : Прилеп / Македонија
| Предмет: The Godfather II Preview Вто Јан 20, 2009 5:28 am | |
| Дејствието се одвива околу 1950 година во градовите New York, Miami и Havana. Гејмплејот изгледа едноставен, ќе се игра во трето лице. Целта на играта ќе се движи околу правењето различни рекети и други злосторства, но и негување на фамилијата и други организации.
Во The Godfather II, дизајнерите на оваа игра сакаат да Ве направат дон што побргу. Играта е направена со мотото "act like a mobster, think like a don" (однесувај се како гангстер, размислувај како дон) што сака да посочи на тоа дека таа ќе биде фокусирана и на "уличниот живот" во кој влегуваат пресметки со насилства, но и стратегиските одлуки. Како што спомнав, дејствието е околу 50-тите, истиот период од вториот дел од филмот The Godfather, така што Мајкл Корлеоне е сеуште ултиматен дон, но по воведот во играта, тој Ве убедува да започнете ваша сопствена фамилија и зачленувате нови припадници во неа. Пред сето тоа, треба да го направите својот карактер, и како во многу open-world игри, тој може да изгледа најразлично. Сепак, за да се зачува една приказна на играта морате да се викате Доминик, но можете да одберете многу опции околу неговиот изглед.
Приказната ќе биде многу препознатлива за фановите на самиот филм. Играта ќе вклучува огромно насилство, со многу начини како да го убиете противникот и многу крв наоколу. Сепак, играта не е единствено фокусирана само на убиствата. И вербалната комуникација завзема голем дел од неа и ќе биде значаен фактор за прогресирање низ неа.
Останува да почекаме до 24 Февруари и да видиме што ќе излезе од овој наслов. Да се надеваме дека 2009 ќе биде уште подобра година за игри од предходните две, а и дека Godfather II нема да биде во исклучоците. | |
|